Со воена свеченост одбележан денот на Баталјонот за почести
Со воена свеченост припадниците на Баталјонот за почести денеска во касарната „Илинден“ во Скопје го прославија денот на единицата, како и примопредавање на должноста командант на единицата.
Како што соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија, пред присутните со пригодни говори се обратиле началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, досегашниот командант потполковник Тони Тонев и ново назначениот командант потполковник Иван Атанасовски.
Во своето обраќање пред присутните генералот Величковски го истакна угледот и достоинството кое баталјонот за почести го ужива во АРМ и привилегијата да се биде нејзин припадник.
Величковски на досегашниот командант потполковник Тонев се заблагодари на досегашното залагање и постигнатите успеси во единицата, а на новопоставениот командант потполковник Атанасовски му ја честита новата должност со порака да го вложи сиот потенцијал во примена на знаењата кои ги има стекнато во својата досегашна кариера и успешно да раководи со оваа репрезентативна единица на АРМ.
Како што се наведува во соопштението, на церемонијален начин е извршено примопредавање на военото знаме на единицата помеѓу досегашниот и новоназначениот командант на Баталјонот за почести.
Потполковник Атанасовски во својот говор се заложи дека должноста која му е доверена ќе ја извршува професионално и одговорно и ќе го даде својот максимум за единицата.
Потполковникот Тонев ги истакна постигнатите резултати во работењето и искажа благодарност до припадниците на Баталјонот за почести за досегашното залагање и за поддршката која ја имаше како командант.
На свеченоста присуствуваа и генерали од АРМ, команданти на единиците на АРМ, претставници на сојузот на борците од НОВ и други гости од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ.
На свеченоста, како што се наведува, по повод денот на единицата се доделени стимулативни мерки на повеќе припадници на ЗОК за остварените резултати во работењето.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, 11 ноември е определен за ден на Баталјонот за почест, како спомен на одбележување согласно традициите на значајните историски настани врз кои се темелат традициите на АРМ. Баталјонот за почести е формиран на темелите на Првата гардиска бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на 26 март 1992 година во касарната „Илинден“, а 11 ноември како ден на Баталјонот за почест оваа единица го презема како носител на традициите на Првата македонско косовска ударна бригада која е формирана на овој ден во 1943 година во селото Сливово.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина