-->
-->
Со Весна, Оливер живееше над 40 години, а ја изневери со оваа манекенка
-->
Легендарниот Оливер Драгоевиќ почина вчера и Балканот тагува по големата ѕвезда.Медиумите од регионот на големо пишуваат стории за неговиот живот, а една од нив е и за неговото семејство и љубовната афера.
Оливер зад себе ја остави сопругата Весна, со која беше во брак 44 години, 42-годишниот син Дино и близнаците Дамир и Давор (39).
Животот на пејачот беше полн со контроверзии. Публиката ја освои со големи хитови, романтични стихови. Неговиот љубовен живот беше бурен иако се трудеше да го задржи имиџот на мирен, семеен човек

Неговиот брак беше пред сериозно распаѓање кога излезе на виделина неговата секс-афера. Имено, некогашната манекенка Бранка Мариќ Мути јавно призна дека со Оливер е долги години во врска.
Тие двајца биле во интимни односи во текот меѓу 70-тите и 80-тите години. За тоа колку оваа афера била сериозна говори и фактот што Оливер поради Бранка сакал да ја остави сопругата Весна.

-Во текот на тие години често поради голем стрес и нервози завршував во Итна помош. Долго време се обидував да сфатам зошто Оливер толку се заврте по таа жена. На крај сфатив дека било само прашање на неговата незрелост и несигурност, рече своевремено Весна.
Потоа следуваше турбулентен период. Меѓусебни судски тужби и огромни скандали.
Бранка тврдеше дека брачниот пар ја држи под закани и уцени, а Драгоевиќ тврдеа дека таа измислува, па ја тужеа за претрпена душевна болка.

-Никогаш не сакав да зборувам за својот живот зад сцената, но под сплет на неморални околности се најдов среде скандали кои други ги исценираа. Мојата интима е моја работа, рече тогаш Оливер и стави крај на оваа приказна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

11-годишно девојче прегазено во Скопје, возачот избегал
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
