Македонија
28. December 2020 - 13:01

Со урбан мост ќе се поврзува стара и модерна Струмица

Со урбан мост ќе се поврзуваат стара и модерна Струмица. Се работи за еден од најголемите инфраструктурни проекти на локалната самоуправа вреден околу 1, 4 милиони евра. Средствата се од владата распределени од ТАВ Македонија со кои се планираше изградба на карго аеродром во Штип. Проектот  има три сегменти. Со нив е планирано уредувањето на коритото на поројот Свети Илија со должина од околу2, 8 километри, но и изградба на две паралелни сообраќајници.

 „Паралелно покрај овој порој планирани се две сообраќајници кои што би требало да го растеретат и канализираат сообраќајот од ова ново градско јадро кое што никнува и кое што се наметнува со својот волумен, значи две паралелни сообраќајници и изградба на фекален колектор кој што треба да ги прифати отпадните води од овој дел кој што станува се поголем до прочистителната станица. Значи, проектот е е во целост доста замашен, доста скап и би кажал визионерски за иднината, за развојот на нашата општина,“ вели Коста Јаневски - Гродачалник на  Општина Струмица..

Струмица не е единствената општина од Југоистокот која ќе реализира проект со пари од ТАВ. средства за реализација на инфраструктурни проекти се одобрени и за останатите општини од регионот. Вкупната вредност на планираните проекти во десетте општини од Југоисточниот регион изнесиува близу 4 милиони евра.