Со „Сон на летната ноќ“ затворен 5.„Битола Шекспир фестивал“

Со претставата „Сон на летната ноќ“ во режија на Андреј Цветановски, во изведба на Театар Комедија, синоќа беше затворено петтото издание на интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“.
Годинашното фестивалско издание понуди програма од 12 претстави од кои, половината беа од домашни театри, а половината од странски. Првпат беа реализирани гостувањa од Романија, Словачка и Казахстан, а веќе традиционално се прикажаа претстави од Русија и САД. Беше прикажана програма од ревијален карактер за сите вкусови и генерации, но и дела од Шекспир кои првпат беа на фестивалот како бугарската претстава „Симбелин“ во режија на Лили Абаџиева, кои наидоа на огромен интерес кај битолската публика.
Од интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ соопштуваат дека од особено значење е што фестивалот од година во година бележи нагорна линија, но значаен е и фактот што многу театри од нашата држава се осмелија да го постават Шекспир во Македонија.
Програмата за „Битола Шекспир фестивал“ беше објавена на веб-страницата на Европската асоцијација на Шекспир фестивал, каде фестивалот е и активна членка со што, според соопштението, интересот за него бил двојно зголемен во смисла на тоа дека стана подостапен и во друштво со значајни фестивали во Европа.
- Преку „Битола Шекспир фестивал“ и македонските претстави лесно може да се пласираат на значајни фестивали, затоа што Шекспир е секогаш актуелна и секаде застапена тема. Ние веќе имаме интерес за идното издание и голем е бројот на компании кои од повеќе причини не успеавме да ги донесеме годинава но за кои би имале повеќе време да ги организираме и донесеме идната година, како од Чиле, Грузија, Иран, Египет на пример, но и значаен акапела концерт на познати уметници од Полска со Сонетите од Шекспир, соопштуваат од „Битола Шекспир фестивал“.
Покровители на „Битола Шекспир фестивал“ се Министерството за култура и општина Битола.
Ново на Сител
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
