Македонија
29. September 2021 - 16:45

Со пукање отворен штабот на ДУИ во Чаир | ВИДЕО

Со овации, аплауз и пукање беше отворен изборниот штаб на ДУИ во Чаир. При отворањето на штабот за локалните избори пред присутните се обратиле првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат во Чаир Висар Ганиу и пратеникот, потпретседател на ДУИ и ексградоначалник на општината, Изет Меџити.

Рафалната стрелба била наменета за бурно отпоздравување на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Не е првпат на изборни собири или при изборни прослави на ДУИ да се употребува огнено оружје.

Се пукаше и лани на плоштадот „Скендербег“, кога ДУИ ја прославуваше победата на парламентарните избори во тој дел од градот.