-->
-->
Со проектот „Македонија вработува“ вработени 3.850 лица
-->
Проектот „Македонија вработува“ за неполни три месеци ги дава очекуваните резултати. Вработени се 3.850 лица во Македонија, а во општина Кочани бројот на вработените преку овој проект е 256 лица. Тоа се нови вработувања, претежно во компаниите „Антура“ и „Амфенол“, но и во неколку помали странски компании во општината.
Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Облешево, каде ја пушти во употреба новата градинка.
За новиот проект на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување за обука на побарувани занимања на пазарот на трудот, Спасов истакна дека ќе се обучат 220 невработени, на механизацијата и машините кои функционираат во приватните компании, кои се подготвени да вработат обучени кадри.
- Со ова ќе се зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат, а со тоа ќе се зголеми нивната вработливост и можноста побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупно 12.000.000 денари, појасни Спасов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори