-->
-->
Со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп го прославува „Свети Никола“
-->

Да ги следиме добродетелствата што ги правел големиот светец „Свети Никола“- заштитникот на морепловците, на децата, на сиромашните и на градот Пилеп, порача владиката Петар кој чиноначалствуваше со утринската свечена литургија и со чествувањето пред параклисот во центарот на Прилеп.
- Како што големиот светец Свети Никола правел добродетелства и им помагал на сите, така и ние треба да се угледаме на неговиот пример и да правиме добри дела и да го прославуваме достоинствено и со голема вера и со постапките, порача Владиката Петар.
Годинашниве домаќини семејството Ѓорѓиески, сопственици на прилепската компанија „Салида“ нагласија дека им е чест што годинава беа домаќини на градската слава и според Ице Ѓорѓиески, светецот им помогнал многу оваа година.
- Чест ни е што сме домаќини на годинашнава прослава и се чини дека „Свети Никола“ му донесе многу добро на нашето семејство. За прославата прилепските домаќинки приготвија околу 60.000 посни сарми, а за заедничката посна трпеза во центарот на Прилеп обезбедивме 700 килограми грав, 500 килограми риба, маслинки, пијалаци, рече Ице Ѓориески.
За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е посебна привилегија што в година неговото семејство ќе биде домаќин на прославата на „Свети Никола“, светецот чија домашна слава ја слават половина прилепчани, а другата половина им доаѓа на гости, и Прилеп го има развојот и така же биде и во иднина.
- Горди сме што ја продолжуваме традицијата и прославата на заштитникот на градот „Свети Никола“. Особено е чест моето семејство в година да биде домаќин на прославата. Прилеп имал и ќе има развој, а секако вербата во добродетелствата на еден голем светец каков што е Свети Никола, заштитникот на морепловците, децата, на сиромашните, значи многу за Прилеп и прилепчани, вели Јованоски.
Прилепчани денеска се послужија од посната трпеза на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на гардот и порачаа дека заедничката прослава на „Свети Никола“ значи продолжување на прадедовските традиции и многу се битни заеднишвото и споделувањето на добрата мисла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Објавен тестаментот на папата Франциск
-
Ватикан: Причинaтa за смртта на папата Франциск е мoзoчeн удaр
-
Инстаграм воведува користење вештачка интелигенција за утврдување на возраста на корисниците
-
Вработени во РТС бараат утврдување одговорност за навреда кон студенти и оставка од одговорните
-
Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели
-
На Табановце и Богородица се чека околу еден час за влез во државата
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици