Со пораки дека културата е мостот меѓу двете држави свечено отворени новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје
– Со отворање заедничка изложба на уметници од Северна Македонија и Бугарија, насловена „Заедно“, денеска свечено беа пуштени во употреба новите простории на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.
Отворањето на новите простории беше извршено во присуство на министрите за култура на Северна Македонија и Бугарија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Велислав Минеков.
Бугарскиот министер на свеченоста напомена дека Бугарија обрнува особено внимание на културните односите со партнерите од Западен Балкан, а особено големо значење му дава на развивањето на соработката со Република Северна Македонија.

Тој додаде дека согласно обновената програма за соработка во областа на културата меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2022 – 2025 за зајакнување на партнерството меѓу културните кругови, предвидени се средства за заеднички културни проекти, кои ќе бидат претставени како во земјава, така и во Бугарија.
– Радува фактот што Министерството за култура на Бугарија со помош на бугарскиот Културно-информативен центар создава услови за заедничка културна програма, која е дел од заедничкиот културен календар меѓу двете држави, рече Минеков, кој додаде дека соработката ќе се зајакнува во сферите на балетот, литературата, скулптурата, ликовната уметност, музиката…
Тој нагласи дека културата е оној мост, преку кои „сите ние имаме можност да се зближиме уште повеќе и да работиме рамо до рамо за да ги оствариме заедничките цели“. Минеков додаде дека ова е можност за натамошно развивање на културната дипломатија меѓу двете држави.
Костадиновска-Стојчевска пред присутните изјави дека во новите простории на бугарскиот КИЦ во Скопје посакува да се всели нова енергија во македонско-бугарските културни релации и со убава емоција да се разгори страста за уметничка креативност, како поле за културен напредок, во кој победник е културата.

– Бугарскиот КИЦ во Скопје и македонскиот во Софија ја имаат таа цел да не поврзат, да не едуцираат едни за други и преку културата да не доближат и како народи и како пријатели и во името на тоа пријателство отворете ги ширум портите на културата, рече министерката за култура.
Директорката на бугарскиот КИЦ, Антонија Велева истакна дека присуството на бугарски и македонски претставници на отворањето на новите простории е важно за да се покаже оти културата е важна за нашите две општества и е оној сектор од билатералните односи меѓу двете држави, кој не зближува.
– Овој центар и оваа галерија во која се наоѓаме во моментов и отворената галерија со која располагаме претставуваат можност за претставување на голем број заеднички културни проекти на уметници од двете држави. Наша желба е КИЦ на Република Бугарија тука во Скопје да биде една од институциите со поддршка на двете министерства за култура, која ќе овозможи потесна соработка и запознавањето на претставниците од културните кругови на двете земји, додаде таа.

Таа информира и дека бугарскиот КИЦ, заедно со КИЦ на Северна Македонија во Софија планираат спроведување еден заеднички проект, кој ќе се одржи кон крајот на оваа година и почетокот на следната, а е насочен кон претставување на млади музичари од двете држави.
Бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов изјави дека задача на дипломатите на двете држави е да работат на изградба на мостови меѓу двете држави, а бугарскиот КИЦ, како што рече е еден европски мост, преку кој ќе се овозможи поголемо зближување.
Ново на Сител
-

Николоски: Првите 30 електрични автобуси ги очекуваме во декември или јанаури
-

Иран повтори дека планира да наплаќа за минување низ Ормуската Теснина
-

Регистрирани 15 пожари на отворено - седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола
-

Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
