Loading Video...
Ракомет
15. April 2022 - 18:39

Со поддршка од публиката македонските ракометари веруваат во победа над Чешка и пласман на СП

Најдобрата машка македонска ракометна репрезентација продолќува со подготовките за реваншот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство
 
Отако на првиот натпревар во Злин, нашите ракометари пропуштија шанса да остварат победа над Чешка, па дуелот заврши нерешно 24-24, сега шансата за пласман на Мундијалот што догодина ќе се одржи во Полска и Шведска.
 
Во нашиот табор верува дека добрите 40-тина минути од Злин ќе се повторат, а слабостите ќе се анулираат, па со поддршка од публиката, Македонија може до победа и пласман на Мундијалот         
 
„Одигравме еден сосема добар натпревар во Чешка. Испуштивме 6-7 голови предност, тоа не смееше да ни се случи, но противникот покажа карактер. Знаеме дека се работи за квалитетна репрезентација, знаеме што нè очекува тука во недела и со помош на 7.000 навивачи да обезбедиме пласман на Светско првенство“, вели Миркуловски. 
 
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка што ќе се игра во СЦ Борис Трајковски на програмата е во недела  со почеток од 19  часот.