Македонија
29. January 2024 - 16:38

Со песна и вратоврски на кои пишува “премиер Албанец”, ДУИ го славеше премиерското место на Џафери

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети не пропушта прилика пеејќи да прослави значајни моменти за неговата партија. Па неговиот собраниски кабинет, ечеше со песна во негова изведба откако го прогласија првиот премиер албанец во Македонија.

Но многуте емоции како што напиша на фејсбук неговиот сопартиец и десна рака Артан Груби, не останаа само со мелодиите за Калош Дени. Со моден детал, црвени вратоврски на кои пишува “прв премиер албанец 28.01.2024” и Ахмети и Џафери се пофалија на Тикток видеото на албански новинар, кои славеше заедно со нив.

Историскиот момент за ДУИ пак, се пренесуваше во живо во дел од косовските и албанските медиуми. Џаферри како се подготвува, излегува од дома, па неговото возење до Собранието, атмосферата во автомобилот сето тоа го пренесуваше новиинарот од телевизијата КЛАН Косово.

Славењето со пури, виски, музика но и краватите со големиот ден за ДУИ беа евидентирани пак на Тикток профилот на албанскиот новинар Бленди Февзи, кои воедно и славеше со партијата.

Но регионалните медиуми кои го покриваа примопредавањето на мандатот на Џафери, се чини имаа посебен третман. Како што објави Портал Х, тие со службени коли на министерството за политички систем се движеа низ Скопје, но по кој повод министерството на Груби им го овозможи овој третман, денеска не ни одговорија.

Косовските и албанските новинари, целата свеченост ја следеа и снимаа од амбасадорските места во собраниската сала, таму каде што пристап немаа македонските новинари. На ова реагираше Здружението на новинарите од Македонија.

Четворицата странски новинари биле сместени да седат во дипломатскиот дел на терасата во пленарната сала и исто така во текот на нивната посета биле пренесувани со владини службени возила.

Сметаме дека досега ова не било пракса и укажуваме дека со ваквите постапки се прави преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилигиран за сметка на друг во новинарската фела. Ваквиот третман во најмала рака ги омаловажува останатите новинари и создава перцепција дека се влијае на странските новинари да известуваат во полза на домашните чинители од политичките партии во собранието, додека пак нееднаквиот третман на новинарите придонесува за недостаток на транспарентност и отчетност.

За премиерот на техничката Влада, Џафери честитки пристигнаа и од премиерот на Албанија, кој историскиото достигнување му го препиша на Али Ахмети, а успех му посакаа и косовскиот премиер Курти и претседателката Вјоса Османи.