Бизнис
25. January 2016 - 20:13

Со пари од ЕУ ќе се јакне управувањето со јавните финансии

Со 1,1 милиони евра поддршка од ЕУ во наредните две години  ќе се подобрува управувањето со јавните финансии. Министерството за финансии  ќе биде главен корисник, а ќе бидат опфатени и други буџетски корисници.

Со проектот треба да се обезбеди зајакнување на среднорочното буџетирање. Подобра фискална дисциплина, поголема ефикасност на трошењето  и стратешко распределување на ресурсите.

Ефикасното управување со јавните финансии и среднорочното буџетско планирање  е еден од најголемите приоритети на Владата во процес на пристапување кон ЕУ , истакна државниот секретар во Министерството за финансии.

Проектот ќе се спроведува во соработка со Финскиот институт за менаџмент. А ќе бидат ангажирани и странски експерти кои заедно со домашните ќе ги спроведат сите потребни активности до ноември 2017.