Со натпреварите на домаќините стартува СП во ракомет во Германија и во Данска
Со двата натпревара на двата ко-домаќини што се играат денеска стартуваат натпреварите на Светското првенество во ракомет што ќе се игра во две држави - и во градовите: Берлин, Минхен, Келн, Хамбург, Копенхаген и Хернинг.
Домаќинот Германија својот прв натпревар денеска го игра Берлин против Кореја со почеток во 18:15 часот (дуел од А групата). Ко-домаќинот Данска на стартот од шампионатот ќе игра против Чиле во Копенхаген во дуел од групата Д. Почетокот на натпреварот е во 20:15 часот.
На шампионатот ќе настпи и македонската репрезентација, ова ќе биде шесто СП на македонските ракометари. Првиот настап го Македонија го имаше на СП 1999 година во Египет, десет години подоцна македонските натпревари настапија на СП 2009 во Хрватска, а од 2013 година и шампионатот во Шпанија се редовни учесници: 2015 во Катар, 2017 во Франција и сега 2019 во Германија и Данска.
Македонија ќе игра во Б групата која ќе се игра во Минхен, а ривали се: Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија (европски првак) и Исланд.
Распоред на натпреварите на Македонија:
11.јануари (петок): Македонија - Јапонија (почеток 15:30 часот)
13.јануари (недела): Македонија - Бахреин (14:00 часот)
14.јануари (понеделник): Македонија - Хрватска (18:00 часот)
16.јануари (среда): Македонија - Шпанија (20:30 часот)
17.јануари (четврток): Македонија - Исланд (18:00)
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја