Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.
Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.
- Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар, се појаснува во соопштението од МЗШВ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
