Со МРП вакцина досега вакцинирани 32.653 деца на возраст до 14 години, бројот на заболени од морбили намален за 30 отсто

Министерството за здравство соопшти дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 32.653.
Од нив, 16.082 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 16.571 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.
Во текот минатата недела (од 6 јули до 12 јули) се пријавени 11 сомнителни случаи. Од нив, 10 случаи се класифицирани како мали сипаници, што покажува намалување од 30 проценти, споредено со минатата недела. Од вкупниот број пријавени случаи, седум се од Скопје, а останатите тројца од Куманово. Според вакциналниот статус, девет од регистрираните случаи се невакцинирани, нецелесно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Оваа недела не се регистрирани нови случаи на мали сипаници кај здравствени работници, посочува Министерството.
Во целата држава остануваат уште 10.203 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје, каде од вкупно 19.494 невакцинирани, досега се вакцинирани само 11.130 деца, се додава во соопштението.
Во извештајот на Европската комисија се вели дека Министерството за здравство презеде чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со почнување голема кампања за вакцинација. Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
