Loading Video...
Ракомет
23. August 2022 - 18:18
Со млади македонски ракометари Алкалоид ќе атакува на плејофот
Новиот член на ракометното суперлигашкото друштво Алкалоид ги презентира, новите засилувања, но и своите планови за претстојната сезона
Предводени од ракометната легенда и актуелен селектор на Македонија, Кирил Лазаров, младиот тим на Алкалоид, потпомогнат со неколкумина искусни играчи, а составен само од македонски ракометари, ќе се обиде да вмеша во трката за највисок пласман во елитната конкуренција.
Задачата нема да биде нималку лесна, но со упорна работа и посветеност, целта е остварлива, а тоа е првенствено влез во разигрувањето, согласни се тренерот Лазаров и капитенот Ѓоргиев.
„Чест ми е и задоволство што во раце ќе имам ваков проект, посакуван проект. Не се двоумев воопшто дали да ја прифатам поканата на ракометниот клуб Алкалоид и со многу желба и ентузијазам, влегов и ветувам дека ќе бидам посветен да работам на овој проект за доброто на РК Алкалоид и македонскиот ракомет. Вакви концепти треба да се поддржуваат, што повеќе вакви проекти има, тоа ќе биде добро за Македонија“, изјави Лазаров.
„Оваа сезона имаме цел да играме добар и современ ракомет и се надеваме дека ќе обезбедиме учество во плеј-офот во Суперлигата“, изјави капитенот Ѓорѓиев.
На прес-конференција беа промовирани и новите засилувања во екипата, голманите Јане Цветковски и Благојче Трајкоски, потоа Никола Маркоски, Михајло Младеновиќ, Едвин Омерагиќ, Марко Митев, Давид Димевски и Александар Петковски.
Тимот на Алкаоид ќе настапува во А групата во кој за противници ќе ги има шампионот Вардар, екипите на Бутел, Охрид, Струга, Прилеп, Вардар Неготино, и двете кумановски екипи а против новајчлијата МРК Куманово ќе ја започне сезоната на гостински терен.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->