Македонија
17. August 2018 - 14:21

Со мајка си дошла во посета на таткото, 7 годишно девојче преживеало хорор од пијаниот родител

Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против Т.М. (41) од село Куклица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство.

-На 11.08.2018 година во својот дом во село Куклица пријавениот под дејство на алкохол ја загрозил сигурноста на својата седумгодишната ќерка, која била дојдена на средба и видување заедно со нејзината мајка, информираат од полицијата.

Го притискал детето во пределот на вратот и главата и упатувал навреди и закани по животот на неговата поранешна сопруга.