Со колку Заев го купи и каков притисок направи за советникот од ВМРО-НП да го смени мислењето за 12 часа?

Советникот во Општина Струмица од ВМРО-НП, Методи Витанов по само 12 часа го смени мислењето и денеска изјави дека ќе ја поддржува советничката група на СДСМ. Останува отворено прашањето со колку Зоран Заев го купи и каков притисок направи за советникот да го смени мислењето?
Витанов денеска најверојатно под уцена и пред само еден медиум изјави дека грубо бил изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица.
– Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник, подржувајки ја советничката група на СДСМ, вели Витанов.
Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека имаат ново советничко мнозинство во Советот на Струмица откако Витанов влегол во нивните редови, барајќи итна седница за верификација на мнозинството, избор на нов претседател и вд градоначалник.

За само 12 часа, советникот од ВМРО-НП го смени мислињето. Витанов седеше до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ н неговиот потпис може да се види на иницијативата за смена на советничкото мнозинство, а сега го смени мислењето. Според добро упатени извори, во прашање е голема уцена и во игра биле и пари, а претходеле и закани по безбедноста на семејството и советникот.
Со ова се докажува недмократскиот и тоталитарен начин на дејствување на Зоран Заев во Струмица, кој е подготвен и на вакви чекори за да ја задржи власта во овој град.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
