Македонија
15. December 2022 - 16:38

Со кого се сретна и што утврди тимот за санкции од САД?

Премиерот Ковачевски тврди дека  ниту ги повикал  американскиот тим за санкции во Македонија, ниту пак имал состанок со нив. Посетата  на американските истражители , објаснува Ковачевски  е во рамки на глобалната кампања на американската администрација за борба против корупцијата, организирана и иницирана од Амбасадата на САД во Скопје.

Владата немала никогаш донесено одлука ниту пак имало потреба за тоа да повикува истражители. Значи не постои таква одлука.

Ковачевски на иста тема, корупција, владеење на правото но и стратешкото партнерство во НАТО, телефонски разговарал  со високиот претставник на Стејт департменот, Шоле откако тој ја откажа планирана посета на Македонија поради Ковид. Пендаровски кој исто така се слушнал со американецот, најави дека посеаата сепак ке се оставари во текот на јануари, кога со Шоле во Македонија ке пристигне и Габриел Ескобар. За шефот на државата  америкаснки тимови од Стејт Деапртментот имало и и ке има но  проблемите со корупцијата и праводуството  треба  сами да си ги решиме.

Тие собираат информации за тоа што се случува во сферата на судството, и понатаму сосоема автономно, независно од нас, ја формираат таа т.н. црна листа или листа на ентитети под санкции. И она што е најважната политичка порака, која сум ја кажувал и сакам да ја повторам, е ќе бидеме во голема заблуда, прво ние што сме одговорни политичари во моментов во Македонија ако мислиме дека некој друг ќе ни ја заврши таа работа.

Тие колу пати и да доаѓаат не доаѓаат да ја завршат, мојата, вашата работа, или работата на судовите и обвинителствата. Тоа е сосема независна работа, исто како што е Извештајот за човековите права кој Стејт департментот секоја година го објавува – појаснува Пендаровски.

Претседателот Пендаровски на денешното побракање пред Мегународниот балкански универзитет доби призние и  рачна изработка од студентите на факултетот за уметност.