Со грант од ЕУ за паметни граници, ќе се забрзува транспортот и ќе се олеснува трговијата
Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, информираат од Царинската управа (ЦУ).
Ова, како што велат, вклучува целосна замена на постоечките ваги со нови дигитални ваги, како и замена на постоечките рампи со нови автоматизирани рампи.
Во рамки на Царинската управа, додаваат, на највисоко ниво беа презентирани во детали функциите на системот, но и надлежностите на вработените во однос на нивната одговорност.
-Доколку до сега еден камион на влез на граничен царински терминал за вагање се задржуваше и повеќе од пет минути за да се измери и рачно да се внесат податоците, со имплементација на проектот се очекува истиот на вагање да се задржи една минута. Со ова значително ќе се забрза транспортот и ќе се олесни трговијата, особено на најфреквентните гранични царински терминали каде се вагаат и до 500 камиони дневно, беше истакнато при презентација на поволностите на системот, посочуваат од ЦУ.
Системот, како што нагласуваат, во иднина ќе се поврзе и со останатите системи на Царинската управа што дополнително ќе влијае на олеснување и забрзување на царинските формалности, а разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, се со цел заедничко делување во борбата со криминалот и корупцијата.
Ново на Сител
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК