Живот
5. October 2015 - 17:41

Со години ја тепал сопругот, а потоа пред невниот двор се паркирале група моторџии

Со години Карен и нејзината ќерка биле злоставувани од страна на нејзиниот сопруг. Со текот на времето и здосадило од силните удари и побарала помош на необично место.
 
Групата под името „Bikers Against Child Abuse“ (ВАСА) е организација која ги штити децата кои се злоставувани и се грижат за мајките и нивните деца. Кое е мотот на овие моторџии? „Ниедно дете не заслужува да живее во страв.“ Сега Карен и нејзината ќерка се на сигурно и не се плашат од агресивниот сопруг.
 
Погледнете ги овие опасни моторџии со големо срце:
ВАСА е моторџиска група која има 3000 членови низ целиот свет. Могу од нив и самите биле жртви на злоставување.
- Кога некое дете се плаши, на пример на патот од дома до училиште, ние сме тука да го одведеме со училиште. По училиште го собираме детето и го носиме дома. Ако треба можеме и да преспиеме во дворот, ако детето е осеќа посигурно така, објаси еден моторџија. Тој е водач на моторџиската група ВАСА.
 
Сите моторџии се проверуваат дали имаат кривични пријави, пред да станат членови во групата. Потоа добиваат прекари „Poor Bear“ или „Sheggy“. Сите прекари се прилагодени за децата, што ги прави посимпатични.
 
Фасцинантно е како оваа група ги разбила сите предрасуди со моторџиите.