Македонија
23. јуни 2018 - 16:38

Со европски средства до подобри услови за граѓаните

Рај за руралниот туризам. Со овие зборови може да се опише излетничкото место на реката Коњарка, кај селоото Скочивир кое се наоѓа на 38 километри од Битола.Меѓу жителите на околните села ова место е познато од поодамна како една најомилените дестинации за пикник. Ѓорѓи Миовски од Новаци доаѓал тука уште дури бил дете.

- Доаѓам од порано, и како мал и сега доаѓам. Може уште повеќе туристички да се развие. Сите доаѓаат риби да фаќаат, одат на лов, имаат ловечка куќа направено, вели Ѓорѓи Миовски, жител на село Новаци.

А токму на ваквите места им е потребна уште поголема промоција.

- Место кои некои од нас првпат го видоа. Сфативме дека Македонија колку и да е мала ни требаат уште три животи за да ја истражиме, вели Светлана Петковска, Организација на жени Битола.

Ова место е уредено со европски пари како дел од проектот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција „Жива природа жива историја 2“.

- Овој комплекс се наоѓа во чиста животна средина и секој викенд е посетен најмалку од 200 до 300 луѓе. За нас како општината ќе значи многу за развојот на туризмот, изјави Љубе Кузмановски, градоначалник на Општина Новаци.

Франција преку Европската асоцијација за локална демократија АЛДА ја поддржа промоцијата на ова место како дел од програмата Европска година за заштита на културното наследство.

- Ние сме среќни што гледам, е одржливост на европски пари и проекти. Се надеваме дека оваа одржливост ќе опстои и пнатаму, изјави Калиопа Кривашија Стилиновиќ, конзул на Франција во Битола.

Општина Новаци за оваа година ќе реализира уште неколку проекти финансирани со европски пари.