Бизнис
10. August 2015 - 20:43

Со државна помош до 10.000 евра, младите сакаат да станат земјоделци

Унапредување, интензивирање и промовирање  на  пчеларењето  во регионот. Ова  е идејата   на   младиот и амбизиозен  пчелар од Штип, Марко Миховски,  кој  смета  дека пчеларењето има перспектива.  Има 30 години, завршил земјоделски факултет и потекнува од пчаларско семејство, но се разликува од останатите млади земјоделци по оригинилноста на идеите кои  сака да ги реализира. Неговит проект со кој аплицираше  за  да отпочне со земјоделски бизнис како млад земјоделец  го прифати  Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството  и рурален  развој.  

-Во проектот е внесена набавка на електростимулатори за естракција на пчелин отров кое што е нешто ново кај нас на пазарот, па и пошироко во регионот. Пчелиниот отров, како таков, планираме да го пласираме во фармацевтските компании- изјави Марко Миховски, пчелат од Штип

Миховски планира да набави и млади матици, поточно сертифициран материјал за проширување на пчаларникот и останата опрема. Исто така ќе изгради и настрешница врз еден од матичнаците за директна консумација на матичен млеч, кој инаку при екстрахирање  реагира на светлина, топлина и во допир со метали.

-Доколку го консумираме директно од самиот пчеларник, знаеме дека сите биоактивни состојки се присутни тука- додава Миховски

Во следниве три години  Миховски ќе треба да ја оправда поддршката од државата и  да ги инвестира 10.000 евра што ги доби  како млад земјоделец. Во иднина ќе го развива  органското пчеларење  како семен бизнис на неговата мајка, органски производител на мед од која ја наследил  и љубовта кон пчеларењето.