-->
-->
Со детектор за метал барале изгубена бурма, а најдоа цело богатство
-->
Кога двајца Ирци тргнале со детектор за метал да ја бараат изгубената бурма на едниот од нив, не можеле ниту да претпостават дека ќе си заминат дома побогати за 100.000 фунти.
Пол Рајнард (44) се расплакал кога заедно со најдобриот пријател Мајкл Гвин (52) наишол на вистинско богатство во Северна Ирска.
Пријателите пронашле 84 златни парички кои датираат од 16 век. Експертите велат дека само една ултраретка паричка со ликот на Хенри Осми вреди 5.000 фунти.
Меѓу нив се наоѓала и паричка од 1546 година кога владеел кралот дете Едвард Шести, со вредност од 3.000 фунти.
Ова е момент за кој сонувавме. Беше тоа неверојатно чувство, нешто како проверување на броеви од лотарија за да видите дали сте добиле. Се тресев од возбуда, се уште не можам да верувам, изјавил Рајнард.
Паричките се на проценка во Мизеј, а според првичните информации нивната вредност е 100.000 фунти.
Што се однесува до бурмата, таа не е пронајдена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Античка Стибера останува под земја
-
,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината