Loading Video...
Свет
16. May 2020 - 18:27

Со декрет потпишан од премиерот Италија ги отвора границите на 3 јуни

Со декрет потпишан од премиерот Конте Италија ги отвора границите на 3 јуни. Земјата која по САД и Велика Британија имаше најголем број на жртви од корона вирусот реши од почетокот на идниот месец граѓаните да можат слободно да влегуваат и излегуваат од земјата, но и слободно да се движат низ неа.
Владата на Конте се залага за постепено отворање на земјата. Во фабриките и фирмите кои веќе почнаа со работа се уште постојат мерки за задолжителна социјална дистанца, а училиштата се уште не се отворени. Во моментов во Италија забранети се масовните собири, но од утре се отвораат црквите а на граѓаните ќе им се овозможи да присуствуваат на мисите.
Според официјалната статистика, Корона вирусот во Италија зема над 31.000 животи

Епископот на Српската православна црква, Јоаникие, и осумтемина свештеници рано утрово се ослободени од притвор. Полицијата ги уапси откако орагнизираа литургија во црногорскиот град Никшиќ на која се собраа неколку илјади верници со што, според локалното обвинтиелство ја пракшиле забраната за собири поради епидемијата.

Одлуката на никшиќкото обвинителство ја чекаа голем број верници кои го поздравија ослободувањето на епископот.

Од почетокот на оваа година, Српската православна црква двапати неделно организираше протестни маршеви во сите црногорски градови, спротивставувајќи се на Законот за слобода на вероисповед, со кој се уредува сопственоста на црковниот имот. Српската православна црква тврди дека црногорската држава сака да им ги одземе црквите и манастирите со тој закон, кои таа верска заедница во Црна Гора ги има околу 700.

Корона вирусот може да стави крај на владеењето на британската кралица Елизабета Втора. Како што јавуваат британските медиуми, 94 годишната кралица веќе неколку месеци е во изолација и не ги извршува своите кралски должности. Кралското семејство веќе соопшти дека таа и нејзиниот сопруг, Принцот Филип кој има сериозни проблеми со здравјето се до крајот на епидемијата ќе останат во резиденцијата во замокот во Виндзор бидејќи и двајцата се наоѓаат во ризичната група. Дополнителен проблем во кралското семејство донесе и принцот Чарлс кај кого беше потврдено присуството на вирусот. Британските медиуми велат дека по крајот на корона кризата постои можност Елизабета да се повлече од тронот.
Кралицата Елизабета на британскиот престол седна пред 67 години. Доколку таа абдицира, согласно кралските закони на тронот треба да седне нејзиниот најстар син Чарлс, кој веројатно кралскиот престол ќе му го отстапи на својот најстар син, принцот Вилијам.