Македонија
13. March 2018 - 16:24

Со чешка донација без тендер набавени возила за МВР од донатор на СДСМ од Куманово

МВР минатата година со донирани пари од Чешка без тендер купило 45 автомобили “шкода” од фирма која била донатор на СДСМ за изборите 2016 година, објави БИРН. “Делукс – ауто” од Куманово, без објавен тендер преку законската можност за преговарање со фимри, иако е дилер, успеала да понуди пониска цена дури и од официјалните увозници на автомобили.

Донацијата била прифатена во јуни, веднаш по стапувањето на функција на министерот Спасовски, кој исто така е од Куманово, а договорот со “Делукс ауто” е потпишан во септември минатата година.

Скандалот за оваа набавка на возила ВМРО – ДПМНЕ го објави во ноември минатата година, денеска пак од партијата побараа спроведување на целосна истрага за случајот.

- Се работи за набавка на околу 40 возила во вредност од 1 милион евра кој што под крајно сомнителни околности не е организирана јавна набавка, туку е доделен во четири очи и тоа на фирма донатор на СДСМ од Куманово. Така да ги поздравувам медиумите за тоа што се интересираат за овој скандал и се надевам дека ќе биде расчистен до крај, веелат од ВМРО – ДПМНЕ.

Истражувањето на БИРН открива дека за компанијата “Делукс ауто” од Куманово ова било прва набавка на возила за државна институција. Тие добиле тендер за породажба на резервни делови на ЈП “Чистота и Зеленило” од Куманово, а команијата “Делукс” која е на сопругата на сопственикот на “Делукс ауто”, од општината Куманово била избрана да ги превезува децата со посебни потреби до училиште.