Балкан
13. August 2015 - 14:31

Со БМВ жена влетала во Егејско море на Халкидики

Жена со автомобил со романски регистарски ознаки влетала среде плажа на Халкидики во Грција и завршила во морето.
 
Несреќата се случила на грчкиот остров Амуљани, а според информациите нема повредени, причинета е само материјална штета.
 
Жената од непознати причини загубила контрола врз луксузното БМВ излетала на плажата и завршила во морето.