Македонија
1. November 2020 - 11:34

Со автомобил удрил 14-годишно дете

На 31.10.2020 во 12,00 часот во Скопје во близина на бензиската пумпа на ул.„Христо Татарчев“, патничко моторно возило „киа сид“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(36) од Скопје, удрило во пешак - 14 годишен малолетник од Скопје.

По незгодата малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.