-->
-->
Со „ауди“ покосил 7-годишно дете во Зелениково, прегазен и старец, повреден млад возач во серија крвави сообраќајки
-->
Синоќа во 19.12 часот во с.Ново Село, општина Зелениково, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(56) од Скопје, удрило во велосипед управуван од
седумгодишно дете од Ново Село. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
седумгодишно дете од Ново Село. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Претходно во 11,33 часот во Единица за известување и командување Скопје, од Ургентен центар Скопје било пријавено дека кај нив е донесено повредено лицето Ѓ.К. (84) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајна незгода. На ул. „Васко Карангелевски“ патничко возило „Цитроен“ со српска национална ознака, управувано од С.М., српски државјанин која има регулирано привремен престој во Република Македонија, удрил во Ѓ.К., кој се движел пеш. Истиот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Вчера попладне во 16.30 часот на регионалниот пат с.Пршовце-Јегуновце се случила сообраќајна незгода во која А.Р. (19) од с.Теарце, управувајќи патничко возило „Рено Клио“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата А.Р се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничка болница Тетово, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено