Живот
21. October 2015 - 23:00

Со 68 позата до голем оргазам

 
Летото е годишна доба во која сме опуштени, а заминувањето на годишен одмор во друштво на партнерот е најдобро време за уживање и препуштање во целост. Заедничките моменти и жешките ноќи се вистинско време да испробате некои нови пози и да си ги дозволите оние најдрагите, а позата која секако морате да ја испробате или повторите е позата 68...
 
За фелатиото многу се зборува и знае, но кунилингусот или оралното задоволување на жената е значително понеиспитено подрачје во кое мажите импровизираат и се обидуваат да ги најдат вистинските движења кои нивната партнерка ќе ја доведат до лудило токму на начин на кој таа нив ги довела до лудило.
 
Причината поради која мажите понекогаш имаат отпор кон орално задоволување на жената е мирисот и вкусот на женскиот полов орган. Редовната хигиена на вагината и туширање непосредно пред акција во креветот ќе ја истера нивната несигурност.
 
Некои тврдат дека позата 69 претставува најголемото еротско доживување затоа што истовремено давате и добивате задоволство. Името го добила поради тоа што подразбира дека главата на едниот партнер е свртена кон прстите на другиот, баш како бројот 69, како што стимулативно би се пружел орален секс.
 
Позата 68 е создадена за уживање на жените, а мажите секако би требало да ја испробаат и на тој начин да ја доведат својата партнерка до Големото О. Положбата е иста како во позата 69, но партнерката му лежи на мажот на грбот. Создадена е за жените во потполност да можат да уживаат во кунилингусот.
 
Партнерот притоа може со рацете да го истражува телото на партнерката и на тој начин да го засили задоволството.
 
Со оглед на тоа што јазикот е најсилниот мускул на телото, има голема предност во однос на пенисот кој е потешко свесно да се контролира. Не само што јазикот е покриен со плунка, природен лубрикант, туку со него е можно да се ракува на повеќе начини.