-->
-->
Сноуден: Осама Бин Ладен е жив и живее на Бахамите!
-->

Поранешниот разузнавач на ЦИА, Едвард Сноуден истакнал дека поседува докази кои покажуваат дека Осама Бин Ладен не е убиен во 2011 година во пакистан и дека е жив и во добра здраствена состојба.
Во интервју за московска Трибина, тој тврди дека Бин Ладен живее на Бахамите и е платен од ЦИА.
-Поседувам документи кои потврдуваат дека Бин Ладен се уште е на платениот список на ЦИА и заработува по 100 илјади долари месечно, а му се префрлаат по пат внатрешни организации. Моментално немам информации кај се наоѓа сега, но во 2013 живееше во вила заедно со неговите 5 жени и со децата, вели Соуден за рускиот весник.
Сноуден продолжува да тврди дека убиството на Бин Ладен било оркестрирано од страна на ЦИА.
-Бин Ладен беше агент на ЦИА долго време. Го режирал неговото убиство со помош на пакистанските тајни служби. Од моментот кога се мисли дека е ликвидиран, никој не истражува за него и е најлесен начин за да исчезне. Без брада и војничка униформа никој не го препознава, истакна Сноуден за московскиот весник Трибина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
