Снимката на падот на рускиот авион: Најдена е и другата црна кутија - безбедносните камери забележале ужасна глетка
Спасувачките екипи ја пронајдоа црната кутија на авионот Ан-148, кој вчера се урна во подрачје југоисточно од Москва, информира шефот на регионалниот директорат на руското Министерство за вонредни ситуации Сергеј Полетјкин.
- Црната кутија со параметрите на летот е пронајдена во 18-от сектор од операцијата за пребарување. Меѓудржавниот воздухополовен комитет (ИАК) работи на потврдување и идентификација на уредот, рече Полетјкин.
Авион на руската компанија „Саратов ерлајнс“, во кој имало 65 патници и шест членови на екипаж, вчера се урна југоисточно од Москва.
Авионот летал кон Орск, град што се наоѓа во близина на границата меѓу Казахстан и Русија.
Руското Министерство за вонредни состојби објави дека испратиле екипи до местото на падот на авионот. Изворот на службата за итна помош вели дека лошите временски услови, грешките на пилотите или техничките грешки можат да бидат причина за несреќата. Овој извор додаде дека, сепак, временските услови и не биле толку лоши.
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска