Снимка поради која ќе ви се крене косата од главата: Дете фаќа питон со голи раце и се бори со него
Обично тинејџерите наутро си полежуваат во креветот, го проверуваат мобилниот и објавуваат постови, но 14-годишниот Оли Вардроп од Квинсленд во Австралија не е обичен тинејџер. Тој секое утро пред да оди на училиште ги фаќа огромните змии кои се кријат под автомобилите.
Тинејџерот е снимен како фаќа питон од два метри под семејниот свтомобил, користејќи ги сопствените раце. Во видеото од кое ќе ви се крена коса на главата, детето лежи под автомобилот и се гледа со змијата лице в лице.
Додека цврсто го држи влекачот успева некако да се извлече од под автомобилот и да го стави животното во торба. Овој потез е мала работа за вакво момче, а питонот и не делувал расположено.
Целиот овој инцидент го гледал неговиот татко кој е многу горд на него. Снимката на Фејсбук привлече големо внимание.
Неговиот татко напишата: „Тоа е моето момче, ова го прави од петта година. Само едно обично утро пред училиште“.
Ново на Сител
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко