Снимка од заштитен сведок: Косовската полиција пукаше во Бојан од два метри оддалеченост | ВИДЕО
Заштитен сведок го опиша крвопролевањето и бруталното убиство на Србинот Бојан Мијаиловиќ во манастирот Бањска на Косово. Аудио снимка од неговото шокантно сведочење објави ТВ Пинк.
– На 24 септември случајно се најдов во село Бањска, каде сретнав група наши луѓе во униформи. Им пријдов и прашав дали им треба помош. Не знаев за што се работи, реков дека го знам овој терен, дали треба нешто да им се помогне. Одеднаш, косовската полиција почна да пука во нас. Мислев дека никој нема да излезе жив, пукаа во се и сешто – рече меѓу другото во аудио снимката што беше емитувана во емисијата Хит Твит.
– Не’ пукаа од сите страни, па воопшто не знаев што се случува. Реков дека го знам овој пат,таму може да се бега, почнав да бегам, а Бојан Мијаиловиќ тргна по мене. Додека трчавме низ шумата на патот, бевме бркани од група косовски полицајци кои пукаа по нас. Без никакво предупредување, застани… Бевме без пушки, без ништо. И по неколку метри го погодија и него и мене. Падна на патот, не можеше повеќе да трча, а јас скокнав под патот малку да се сокријам. И така, кога станав да видам што се случува и како е, видов дека му пријде група полицајци и од непосредна близина од два метри пукаа во него. Останав таму уште неколку секунди, видов дека мојот живот е во опасност, почнав да бегам и повторно ме забележаа, продолжија да пукаат по мене. Познавајќи ги тие патишта, успеав да стигнам до еден поток и навистина не знам што се случи потоа – рече тој.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола