Снимал сексуални односи со 15-годишно девојче, гостиварец осомничен за производство на детска порнографија
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати сексуален однос со 15-годишно дете-жртва. Снимениот видео-материјал и фотографии тој ги зачувал во меморијата на мобилниот телефон, со цел да ги дистрибуира, пренесува и нуди на друг начин.
Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.
Ново на Сител
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
