Снежна покривка во Маврово, Крушево, Пожаране и Лазарополе
Снежна покривка од 10 сантиметри има во Маврово, во Крушево 4, Пожаране 3 и Лазарополе 2 сантиметри.
Најниска температура во седум часот е измерена во Маврово, Лазарополе и Берово со минус 3 степени, Пожаране -2, Струмица, Скопје, Крива Паланка, Дебар, Демир Капија, Крушево -1..., Најтопло со 4 степени е во Дојран и Охрид
Утрово времето е умерно облачно во северните делови од земјата. Магла има во Демир Капија и во делови од скопската котлина. Дува слаб до умерен променлив ветер.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува претпладне слаб, а попладне умерен ветер претежно од јужен правец.
Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16° C.
Во Скопје променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за слаб повремен дожд. Температурата до 14° C.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер. Од недела условите за појава на повремени врнежи ќе се помали, a температурите ќе бидат во постепен пораст па во средината на работната недела на југоистокот температурите ќе надминуваат 20 степени.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците
-
Поевтинуваат горивата