Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана

Поради силна снежна бура и проблеми со софтверот на аеродромите низ САД регистрирани се 1.815 доцнења и 490 откажувања на летови, покажаа податоците на FlightAware, американска мултинационална компанија која обезбедува податоци за следење на летовите во реално време.
Најмногу доцнења и откажувања на летови имало на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и Детроит, обајви Си-Би-Ес Њуз.
Авиокомпаниите, исто така, пријавија прекини во распоредот на летовите во текот на викендот откако Федералната администрација за авијација (FAA) им нареди на илјадници Airbus A320 низ целиот свет да го ажурираат својот софтвер.
Националната метеоролошка служба издаде серија предупредувања и совети за зимска бура за денес од Монтана до Охајо. До синоќа, повеќе од 1.400 летови беа откажани на аеродромите во Чикаго, каде што се очекуваше зимската бура да донесе дури 25 сантиметри снег, а аеродромите во Детроит имаа повеќе од 300 одложувања на летови и десетици откажувања додека бурата се движеше низ областа.
Верижен судир во кој учествуваа 45 возила се случи на меѓудржавен автопат во Индијана во сабота наутро по локално време.
Сообраќајната несреќа се случи во западните ленти на I-70 во близина на Тере Хоте за време на снежни услови. Службеникот за информации на државната полиција на Индијана, Мет Ејмс, истакна дека никој не е сериозно повреден.
Во дополнителното соопштение, приближно пет часа по првичното соопштение, Ејмс објави дека сите возила вклучени во несреќата се отстранети од патот.
„Луѓе, ако можете да останете дома, останете дома. Луѓето само треба да возат паметно кога ќе почне да врне снег, да ја намалат брзината, да се осигурат дека носат безбедносни појаси, за да бидеме сите безбедни“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
