Снежна бура на јапонскиот остров Хокаидо
Илјадници патници останаа блокирани на јапонскиот остров Хокаидо поради снежната бура, која денеска го зафати северниот дел на земјата.
Околу 400 патници беа принудени да ја поминат ноќта на аеродромот откако голем снег го прекри Хокаидо и брегот на Јапонското Море.
Поради силната бура откажани се околу 140 летови и повеќе десетици возови на островот, што влијаело на над 5.000 патници.
Јапонската метеоролошка агенција очекува бурата до утре да донесе уште повеќе снег на островот, но и во централниот и западниот дел на Јапонија, каде се очекуваат прекини во сообраќајот, снежни ветрови и високи бранови.
На подрачјето на регионот Хокурику се очекуваат до утре изутрина нови 80 сантиметри снег, во североисточниот дел на Јапонија 70 сантиметри, а на островот Хокаидо 30 сантиметри нов снег.
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли