Свет
26. February 2019 - 14:05

Снежна бура ја пустоши Калифорнија, наноси од 2 метри го парализираа сообраќајот

Снежна бура зафати голем дел од Калифорнија, во која многу домаќинства останаа без струја, а надлежните служби предупредија на опасност од поплави и лавини,

Националната метеролошка служба предупреди на опасност од поплави, лавини и снежни наноси на патиштата во Сиерја Невада.

Снежните наноси на планините се и до 2,44 метри, а службите предупредуваат дека во повисоките премини на Сиера Невада се можни силни виулици, проследени со одрони.

Предупредија дека бурата брзо ќе помине, а повеќе патишта се затворени поради опасноста од лавини.

Силниот ветер, дождот и снегот на северот го нарушија авиосообраќајот на аеродромот во Сан Франциско.

Ветерот ги рушеше дрвјата и повеќе илјадници потрошувачи останаа без струја во подрачјето Рино Спаркс, во Невада.

Националната метеролошка служба предупреди на можноста од поплави во четвртокот во заливот во Сан Франциско и во многу делови од Сакраменто како и излевање на Руска река и Напа во средата наутро.

Бурата веќе се движи и кон другите региони на западот, поради што повеќе училишта се затворени.

Причината за бурата е атмосферската влага која доаѓа од северот на Хаваи, што е феномен кој повеќе не претставува реткост во овој дел од земјата.