Македонија
21. February 2016 - 16:42

Снежен град на Попова Шапка

Преку 100 дечиња од повеќе градови од Македонија учествуваа во традиционалната детска манифестација "Снежен град" на Попова Шапка. 
 
Манифестацијата "Снежен град" е единствена од ваков вид и освен што ги негува уметничките вредности и изразување, придонесува за запознавање и дружење на ученици од различни градови од земјава.
 
Од денес Снежниот град и официјално беше отворен за посетителите.