Снегот наврнат во Маврово достигна висина од 65 сантиметри
Времето денеска ќе биде променливо облачно, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.
Додаваат дека локално, особено во северните делови, ќе има слаби врнежи од снег.
Според информациите на управата, висината на снежната покривка е највисока во Маврови Анови каде достигнува до 65 сантиметри, во Крушево 32, во Битола 27, Тополчани 25, во Попова Шапка се измерени 14 сантиметри снег, 13 во Демир Капија, 12 во Струмица, 10 сантиметри во Берово, Пожаране, Лазарополе и Ѓуриште, 8 во Дојран, 6 во Прилеп, снежна покривка од 3 сантиметри има во Претор и Крива Паланка, 2 во Штип и 1 во Куманово.
Попладне во централните и јужните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремено провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 1 степен над нулата.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск