Свет
6. February 2018 - 12:04

Снегот и мразот направија хаос во САД: Хорор на патиштата, над 650 судари, 5 мртви и десетици повредени

Властите во американската сојузна држава Мисури соопштија дека пет лица настрадале и десетина се повредени во повеќе од 650 судари патиштат завеани со снег.

Сообраќајната полиција на Мисури објави дека несреќите се случиле кога снегот почнал да паѓа попладнето, а влажните коловози се заледиле поради ниските температури.

Се наведува дека најголемиот верижен судар бил на меѓудржавниот автопат 44 во близина на Маршфилд.

На тоа место меѓу 60 и 80 возила се оштетени и настрада 55-годишен маж од Калифорнија.