Снегот ги заштити есенски посеви, студот закана за младите лозја и овошки
Формираната снежна покривка насекаде во Македонија ги заштити есенските посеви од екстремните минимални температури, но поларниот студ може да предизвика измрзнување кај младите лозја и овошки, посебно долж Повардарието и во Малешевијата.
Како што информира УХМР, ниските температури кои во житородните региони Битола и Штип достигнаа -24,6 и -20,6 степени, се повисоки од историските податоци и многугодишниот просек, -30,4 степени во Битола и -22,7 во Штип.
- Издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема од овие измерени температури. Но, минималните температури забележани во изминатиот период, од -10 во Гевгелија до -28 во Берово и -16,6 во Демир Капија, укажуваат на опасност од делумно измрзнување на родните окца кај виновата лоза, особено кај младите насади. Слична е состојбата и со овошните насади во Малешевијата каде температурите беа повисоки од -28 степени, а издржливоста на коскестите видови е од -25 до -35, особено кај младите насади кои имаат поголемо количество сокови во стеблото и гранките и се поподложни на измрзнување, велат агрометеоролозите.
Според нив, евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење каде може и дополнително да се коригираат одредени состојби.
- Во наредниот период повремените врнежи од снег ќе ја одржуваат снежната покривка на ниво кое е доволно за заштита, заради фактот дека и сувиот мраз го испарува снегот и ја намалува дебелината на покривката. Очекуваните минимални утрински и дневни температури ќе бидат повисоки од повеќе постигнатите, со што презимувањето ќе се изведува со сличен интензитет, објаснуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени кога возило влета во публиката на фестивал во Канада
-
Облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен