Снег на планините и постудено
Повеќе врнежи од дожд и снег во западна Македонија и формирање снежна покривка на планините, најави за попладне Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Снег ќе има и на некои повисоки места, над 600 метри надморска височина.
Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, врнежи од слаб снег веќе има на Попова Шапка и Македонски Брод.
Според УХМР, поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.
Утре и задутре ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините, а кој повремено ќе биде со брзина од околу 100 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне, а најниска ќе биде во четврток и во петок кога на повеќе места ќе се задржи негативна.
Од петок следува постепено разведрување, за време на викендот времето ќе биде сончево, а за новогодишната ноќ ведро и многу студено со температури под минис 10 степени, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона