Македонија
17. August 2015 - 13:27

Смртта го стигна во Скопје: Прегазен млад Косовец

На ул.„Лазо Трповски“ во Скопје вчера околу 16:10 часот се случи сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.Ф.(55) удрил во пешак Ариан Р.(27) од Р.Косово.

 Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош, каде во 21:10 часот им подлегнал на повредите.

Од страна на СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Ново на Сител