Фудбал
8. November 2016 - 15:55

Смртоносен удар во мексиканскиот фудбал!

Играч кој настапува во аматерски тим во градот Тулансинга во мексико кој се наоѓа 120 км од Мексико Сити нокаутира судија на фудбалски меч откако овој му покажа црвен картон. 
Ударот во глава беше фатален за судијата кој починал поради внатрешно крварење додека фудбалерот се наоѓа во бекство. 
Како што пишува локалниот весник Критерион Идалго полицијата веднаш организирала потера по  избеганиот фудбалер на кој му се заканува драстична затворска казна и завршена фудбалска кариера. 
 
https://