-->
-->
Смрт на скопскиот аеродром, почина додека чекаше лет за Цирих
-->

Синоќа во 19.00 часот на ГП Аеродром “Александар Велики“ Скопје, С.К. (58) и нејзиниот сопруг К.К. (62), двајцата од Р.Србија, се пријавиле да патуваат за Цирих, Швајцарија.
По извршена пасошка контрола им било дозволено да остварат излез од Р.Македонија и биле упатени на ПДЗ контрола на „капија 201“.
На С.К. таму и се влошила здравствената состојба, по што била повикана медицинската екипа од аеродромот, кои ја пренеле во амбулантата на граничниот премин за да и пружат медицинска помош.
И покрај укажаната прва помош во 20.15 часот С.К. починала.
Бил извршен увид на местото на настанот од страна на екипа на СВР-Скопје.
Телото на починатата е пренесена во Судска медицина за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска
-

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида
-

Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност
-

Почина проф. д-р Кирил Темков
-

Нетанјаху и Трамп вo понеделник ќе се сретнат во Флорида
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен
-

На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
