"Смрдлива вода" локалитет чија вода лечи стомачни заболувања, уринарниот тракт и бубрежни болести
Најпосетуваниот туристички локалитет во општината е Смрдлива Вода. Живописната природа ќе ве воодушеви уште од почетокот на патот кој води кон падините на Кожув. Конска река чие течение мами со диви предели и најразлични видови растенија. Минерални извори кај народот познати како „Смрдлива вода“ се богати со хидрокарбонатни минерализирани и слабо кисели води.
На 850 метри надморска височина на само 24 километри од градот Гевгелија, се наоѓа локалитетот Смрдлива Вода. Овде најчесто доаѓаат луѓе кои имаа проблеми со стомачни заболувања, уринарниот тракт но и бубрежни болести за да наточат од минералната вода. Водата навистина има остар мирис и специфичен вкус, но вреди да дојдете и да ја пробате.
Овде не доаѓаат само луѓе кои имаат мака, местото иако не е експонирано , го посетуваат голем број домашни и странски туристи.
Во овој живописен предел се наоѓа и познатата пекара каде се меси најприродниот леб и се пече во фурна на дрва. Тајната на овој на далеку прочуен леб ја открива Софче.
Вистинска ботаничка градина богата со зимзелени шуми, медитерански растенија, но и ендемичниот видов какво што е дрвото гол човек за кое предмалку зборуваше нашиот соговорник Леонид. Единствено зимзелено дрво кое што два пати годишно ја менува својата лушпеста кора, лисјата му се јајцевидни а цветовите распоредени како гроздови. Ако имате прилика да сретнете вакво дрво пред вас, кога ќе го допрете ќе имате чувство како допирате нежна човечка кожа, па токму затоа и го носи името ГОЛ ЧОВЕК.
По прошетка и рекреација на Кожув планина се враќаме во градот каде ако не пробате смокви како да не сте биле во Гевгелија. Кралицата на медитеранските овошки иако спаѓа во категорија на цвеќиња, од нејзе се прави највкусното слатко. По 11 пат оваа година се оддржа смоквијадата, манифестација на која учесниците се натпреваруваат кој ќе го свари највкусното слатко од зрели смокви.
Гевгеличани се докажаа дека се одлични домаќини кои го прават најдоброто слатко од смокви, вкусен ајвар, а мајстори се и за жолта ракија од која како што велат низ смеа утредента не те боли глава. По сето ова, ќе се согласите дека општина Гевгелија со право го носи епитетот град на сонцето, традицијата и среќата.
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра