Македонија
24. јуни 2022 - 14:01

Смок паднал од дрво до количка за бебе во Хиподром

Жителите на скопската населба Хиподром 2 се плашат дека низ високата трева се размножиле цели фамилии змии, кога во два наврати им се случиле немили настани кои ги споделиja со Vecer.Press.

Жителка на населбата, Ирена Куноска-Михајлова среде улица забележала кошулка од змија, која била отфрлена при преслекувањето. Друга жителка, Елена Костовска, пак, вели дека во Хиподром врие од смокови.

– Ни падна смок од дрво до количката на бебето!, вели таа.

Тие се преплашени и апелираат – од Општината Гази Баба да преземат соодветни мерки. Сличен проблем со влекачи има и во други скопски населби.