СМК нема да дозволи укинување на правото за глас на дијапсората
Семакедонско помирување и обединување во одбрана на името на државата и и идентитетот на нацијата, беше пораката упатена од 25 јубилејно годишно собрание на Светскиот македонски конгрес. На генералното собрание беше донесена резолуција за Македонија да упати барање до претседателите, владите и парламентите на Австралија, Изреал и земјите-членки на ЕУ и НАТО да ја признаат државноста на Македонија под нејзинот единствено име.
Претседателот на националната организација посочи дека ќе биде упатено барање за отфрлање на иницијативата за укинување на изборните единици на кои гласаат македонските државјани надвор од РМ.
На конгресот беше упатен и повик до политичките партии за надминување на политичката криза во Македонија. Изразена беше и голема загриженост за мигрантите од Азија и Африка кои секојдневно поминуваат низ нашата земја, а во иднина би можеле и да ја променат демогравската слика на нашата земја.
-

Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
