Службата за дезинсекција од кумановскиот Центар за јавно здравје ги интензивира активностите во летниот период

Службата за дезинсекција, дезинфекеција и дератизација ги интензивира активностите во летниот период, соопштија денеска епидемиолозите од Центарот за јавно здравје Куманово.
Oттаму информираат дека наскоро започнува дезинскецијата, дезинфекцијата и дератизацијата во основните и средните училишта и во шесте објекти од детската градинка. Надлежните од овие установи веќе привршуваат со внатрешно чистење и уредување, интензивно подготвувајќи се за почеток на учебната година.
- Во текот на летниот период засилена е работата на оваа служба која врши третмани во јавните установи и институции, изјави денеска, раководителот на Одделението за епидемиолошка дејност, доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.
Покрај третманите во јавните установи и институции, како што рече таа, и граѓаните бараат дезинфекција, дезинскеција и дератизација во летниот период.
Најчесто, информира Стаменковска, во домаќинствата се бара дезинсекција против лебарки, бубашваби и мравки. И објектите каде се подготвува, скалдира и преработува храна, односно угостителските објкети, како што се ресторани, сендвичари, пекарници бараат зачестени услуги од службата од Центарот за јавно здравје во летниот период.
Ново на Сител
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
